
Утревечер започнува седмиот по ред интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо фест“ 2024. Фестивалот ќе се одржи на 4 и 5 октомври во НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип. На истиот ќе се престават хорови од државата, а ќе има гости од Бугарија и Србија.
„Учесници ќе бидат женски камерен хор Ќерамија од Прилеп, градски камерен хор Ѓерѓев од Делчево, формација од Ќустендол, Бугарија, хор при гимназијата во Делчево, женска пеачка група, хорови од Србија, и двата реномирани хора од Скопје.“ – вели Ѓурѓевиќ-Јанков.
Фестивалот свечено ќе биде утревечер, а љубителите на хорската музика може да уживаат и во сабота кога чќе се престават сите учесници. Влезот за сите е бесплатен.
Организатор на овој фестивал е градскиот камерен хор Астибо од Штип, а коорганизатори е центарот за култура Ацо Шопов од Штип. Фестивалот е поддршна од министерството за култура и Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет