
Течат последните подготовки пред отворањето на затворениот базен во Штип. Денеска се асфалтираше пристапниот пат и паркинг пристапот околу објектот, со што се заокружуваат обврските на Општина Штип поврзани со објектот. Градоначалникот Иван Јорданов од лице место посочи дека од утре базенот ќе биде пуштен во употреба.
,,Со денешното асфалтирање се завршени сите активности поврзани со изградбата на затворениот базен, објектот на затворениот базен. Знаете дека овој објект неколку години беше блокиран со изградба. Не се одвиваа никакви активности. Општина Штип превзеде одредени активности во делот на уредување, асфалтирање на пристапот, на паркинг површината и околу површината на самиот објект, а министерството за спорт продолжи со актвинсотите за завршување на објектот во заедничка координација со општината и со фирмата изведувач. После сите активности и напори, во комуникација и координација, која што изминатите месеци ја правевме, конечно еве со денешното асфалтирање се завршува и последната активност која е од страна на Општина Штип и за која се издвоени 1, 4 милиони денари од буџетот на Општина Штип од парите на граѓаните за уредување и асфалтирање на паркинг просторот на објектот кој што ќе служи како затворен базен, за да веќе во текот на утрешниот ден се направат последните подгтовки за пуштање во употреба.“, рече Јорданов
Паралелно на овие активности општината работи и на Дино паркот кој се очекува деновиве да биде ставен во функција.

Со ваквите инвестиции на терен се работи на подобрување на условите за живот во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет