
Уништен животинскиот свет, целата флора и фауна во реката кај селата Жиганци и Уларци. Бидејќи целата вода од реката е искористена за наводнување, вода од реката не тече при што уништен е животинскиот свет, а на што реагираат жители, но и членови од СРД Злетовица. Проблемот е стар и се провлекува со години ама решение сѐ уште нема. Претходно немало ниту кој да поведе постапка. Сега откако СРД Злетовица се јавува како концесионер ја зема работата во свои раце. Во понеделникот на терен биле инспектори кои треба да го расчистат проблемот. Секретарот Сребренов вели дека случајот ќе се решава на Суд.
„Моментално на местото Жиганци и во атарот на село Уларци водата од реката е искористена целата за наводнување за некои си намени. Од реката не истекува вода надолу, уништен е целиот жив свет, флора и фауна се е унштено на нула. Ова се случува многу години наназад ама сега оти ние сме концесионери на СРД Злетовица имавме реакција. Излегоа инспектори од ОВР Кочани, инспектор од сектор рибарство, крим техника.“ – вели Сребренов.
За сега станува збор за непознат сторител кој го уништил целиот животински свет во реката, со тоа што водата ја искористил за наводнување. Се очекува од МВР да откријат кој ја направил ваквата штета.
Од СРД Злетовица посочуваат дека ни членовите рибари не може да одат на риболов оти нема вода. Проблемот е голем и очекуваат негово решавање, бидејќи како што велат биолошкиот минимум на вода мора да биде пуштен за да има животински свет флора и фауна во реката.
Лаура Стојанова М-Нет