
Новите мерки за заштита од ковид 19 кои стапија на сила од 16 август, а меѓудругото ги опфаќаат и угостителите придонесоа за денешната средба меѓу првиот човек на Општина Штип, доктор Сашко Николов и претставници на поголемите и помали угостителски објекти во Штип. На средбата дискусија се водеше за логичноста на мерките, но и на манипулациите кои се прават од страна на граѓаните за невакцинирани да седнат и се напијат кафе.
Угостителите велат загубите за дел од нив се и до 70%, а на сметка на ова се полнат касите на маркетите. Истовремено граѓаните наместо во кафич, кафе сок или алкохол пијат во тобако бидејќи таму не се бара сертификат за вакцинација.
На денешната средба угостителите во договор со градоначалникот одлучија низа барања да им се достават на Владата и да се однесуваат само за Општина Штип.
„Видовме дека има недостатоци во донесените мерки и во неколку предлози кои ги дадоа самите угостители јас ќе ги пренесам директно до Владата, до МЗ, до Комисијата за заразни болести. Мерките се да воведеме антиген брз тест на повеќе пунктови во општината со што луѓето ќе може да се напијат кафе“ – додаде Николов.
Поради распишувањето на изборите Николов посочи дека не може многу да им помогне сега на угостителите, меѓутоа она што им го вети е дека по изборите кој и да биде градоначалник ќе се побара да бидат ослободени од наплаќање на закупот на општината.
Лаура Стојанова М-Нет