Убедлива победа за ракометарите на штипски Текстилец, висок триумф за Вардар Неготино во Свети Николе над Овче Поле

Овој викенд беа одиграни натпреварите од 2. коло на плеј-офот и плеј-аутот на Првата ракометна лига.

Во рамки на плеј-аут сегментот ракометарите на Текстилец УГД во Штип забележаа огромна победа над Аеродром со резултат од 45:35 со одлично второ полувреме на штипјани, откако во првиот дел резултатот беше 18:16.

Во вториот дел штипјани правеа разлика и постојано ја зголемуваа предноста до конечни плус десет за 45:35.

Најдобар кај Тектилец УГД беше Филип Џинес со десет реализации, а кај гостинот Иван Ќурчиев имаше 13 гола.

Шампион на домашен терен забележа висока победа над струмички Астраион со резултат од 34:22.

Во однос на плеј-офот фаворитот Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 41:22 го декласираше тимот на Младост од Богданци. За домашниот тим Белистојановски беше најдобар со 11 гола, а воедно и на самата средба.

Јехона немаше сили за Македонија ЃП со што гостинот триумфираше со високи 24:32, а пак Вардар Неготино во Свети Николе го доби Овче Поле со резултат од 23:29. За Овче Поле најдобар беше штипјанецот Иван Димчевски со осум гола, за гостинот од Неготино најпрецизен беше Мирослав Митевски.

Мулти Есенс забележа огромна победа над Скопје со резултат од 42:27, каде за домашнот тим Бобан Поповски беше најдобар со осум гола.

На врвот во плеј-офот е Еурофарм Пелистер 2 со максимални 20 бодови, Мулти Есенс е втор со 15 бодови, а пак Македонија ЃП е трет со 13 бодови. Во плеј-аутот на прво место е Партизан со 12 бодови, Шампион е трет со 11 бодови, а пак Текстилец е трет со 7 бодови.

Александар Ванев, М-Нет