Уапсен крадец за време на полициски час во Штип

Вчера на околу еден час пред полноќ, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М.(17) од Штип, затоа што во продажен објект на ул„,Асном“ во Штип бил затекнат при вршење кривично дело „тешка кражба“, при што одзел пари и цигари. Од страна на полициски службеници одземените пари и цигари биле вратени на сопственикот. По комплетирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Штип.