Тунелот на пешачката патека во Штип со тенденција да претставува вистинска атракција

За многумина тунелот на пешачката патека во штипско Ново Село е поим за кој само знаат дека постои. Уште од минатото дел од граѓаните во Штип слушнале дека на овој потег има нешто налик на пештера, но не ја посетиле. Од една страна причина за ова е што истата според нив не е доволно испитана во каква состојба е, од друга страна зборуваат дека треба да се доуред и да преставува место кое ќе ги привлекува штипјани, но и останатите граѓани да дојдат овде.

„Има една пештера што ја зборуваат, кога било опседнувато од Турците и од ридот се симнувале да полнат вода. Пештерата е заградена, ама уште не е испитана и се плашат да влезат во неа.“

„Знаеме дека има, ама за која намена не знаеме. Пронајдена е кога ја правеа патеката“

И првиот човек на град Штип е согласен дека оваа пештера или тунел реба да претставува вистинско богатство за Штип и место кое граѓаните би го посетиле. Со оглед на фактот дека на овој простор се одвиваат градежните активности, Јорданов истакна дека со нивно завршување и пештерата ќе биде исчистена и доуредена.

„На потегот на самата пешачка патека, добро познато место за штипјани е тунелот кој го симболизира пристапот до тврдината Исар. Истиот сега е потрупан заради одроните на камења и на карпи. Ние сме во фаза на изведба на дополнителна лента на пешачката патека, која изведба предвидува расчистување на целиот дел кој е потрупан со камења и со одрони од карпи“ – кажа Јорданов.

Во Општина Штип пештери има на неколку локации и според Јорданов ќе се работи за тие да го добијат изгледот кој го заслужуваат за да бидат посетени од граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет