
Екипата на Сатеска од Волино која настапува во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад вчера одигра пријателски натпревар против екипата на Реал Подунавци од Србија, која се натпреварува во Трета лига – Запад во Србија.
Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни (0:0), а во вториот дел беа постигнати два погодоци за триумф на српскиот тим од 2:0.
Есенскиот дел екипата на Сатеска го заврши на дното од табелата со 3 бодови на своето конто, а во пролетниот дел ја очекува тешка борба за опстанок. Пролетниот дел третолигашот од Волино, го отвара против Влазними во Струга.
Александар Ванев, М-Нет