Третолигашот Пчиња го претстави искусниот Марио Благојевски

Новајлијата во Третата македонска фудбалска лига – Север, екипата на Пчиња, за пролетната полусезона се засили со искусниот Марио Благојевски.

27-годишникот има искусно и со настапи во Првата футсал лига на Македонија, каде во есенскиот дел од актуелната сезона како играч на Проект е најдобар стрелец, но сега ќе настапува во косовскиот шампионат.

Низ својата кариерата како фудбалер има настапувано за Кадино, Илинден, Мралино и Металург, а пак футсал играше и за екипите на Проект, Форца и Железарец, а Благојевски е член и на футсал репрезентацијата на Македонија.

Пчиња добива капитално засилување за пролетниот дел од сезоната, каде покрај потврдувањето на опстанокот, Пчиња ќе сака и прогрес кон средишниот дел од табелата, која есенскиот дел го заврши на 11. место на табелата со 12 бодови, а со една победа може да направи сериозен скок на третолигашката табелата. Пролетниот дел, новајлијата го отвара против Њу Старс, тоа ќе биде дерби на два нови третолигаши и дерби каде Њу Старс кој е последен нема право на грешка.

Александар Ванев, М-Нет