
Со традиционални и карактеристични мотиви од Кочани, фолклорни елементи, ориз и препознатливи објекти од општината – се завршува изработката на вториот мурал на потпорниот ѕид на улицата „Димитар Влахов“ на влезот во Кочани. На самите изработки се потпишува кумановецот Дејвид Стоилковски, кој пред камерите на М-Нет телевиизја посочува дека му преставува чест што може на еден ваков начин да ја покаже својата уметност. Од 2019 година започнува сериозно да се занимава со изработка на мурали, за во моментот да работи во Кочани.
„Па, од дамна почнав да цртам графити, посериозно 2013 – 2014 година, а мурали почнав да изработува 2019 година. По препорака на еден другар, дојдов во Кочани. Требаше да се нацртат мурали на овие два потпорни ѕида со мотиви од Кочани јас се согласив и еве сега сум овде. Пред сѐ сакам да се стари архивски слики или било што и да е, автентично, од овде.“ – вели Стоилковски.
Користи фасадни бои и четки, во Кочани работи заедно со неговиот татко и вели во наредните 10 до 15 години муралите без проблем ќе го красат влезот на градот. За претходниот мурал му биле потребни два дена, а овој се очекува да биде готов деновиве.

„Јас работам со фасадни бои што се отпори на временски непогоди и четки, а може и со спреови. Сѐ зависи до самиот чевек кој ги изработува. Според некои најнови технологии овие бои може да стојат 10 до 15 години без проблем. Нормално е да избледи после повеќе години од сонцето, но јас се трудам каде и да правам мурал претходно ѕидот да биде подготвен да може да ги задржи боите.“ – додава Стоилковски.
Муралите се изработуваат во рамките на програмата „Петровден 2023“, со средства од Програмата за култура на Општина Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет