Трагедија кај Виница: Пронајден застрелан ловочувар, приведени четири лица


Основното јавно обвинителство во Кочани извршило увид на терен во околината на Виница, каде било откриено безживотно тело на машко лице со прострелна рана нанесена од огнено оружје. Според досегашните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од организирана група за комерцијален лов.
Надлежните институции преземаат интензивни активности за расчистување на случајот, при што се собираат докази, се спроведуваат претреси и се вршат соодветни вештачења. Во врска со настанот, приведени се тројца странски државјани и еден македонски државјанин, сите дел од истата ловна група, за кои се утврдува евентуална поврзаност со пукањето. Тие ќе останат задржани сè додека целосно не се разјаснат околностите на случајот.