Топол чај, чајни колачиња и 20% попуст на новогодишниот асортиман во „Аџико Хоум Центар“

„Крисмас маркет“ со богата новогодишна програма и широк асортиман на новогодишни производи организира „Аџико Хоум Центар“ овие четири дена. Ваквата активност започна на 9 ноември, четврток, а последниот ден во повеќето продажни салони е денеска. В недела, односно утре, акцијата продолжува и во Скопје и Куманово, кога е работен ден за тамошните продажни салони. Во рамки на „Крисмас маркет“ секој посетител во „Аџико Хоум Центар“ добива и топол чај и чајни колачиња.

„Аџико Хоум Центар како и секоја година, така и оваа, го организира т.н. „Крисмас маркет“. Нудиме огромна новогодишна програма со доста новигодишни украси, новогодишни елки, лампиони и, едноставно, ние вработените се чувствуваме како да сме во бајка во нашите продажни салони. За секој посетител нудиме и гратис топол зимски чај и зимско колаче направено во нашата вкусна кујна“, велат од Аџико Хоум Центар.

Овие четири дена важи и попуст од 20% на новогодишниот асортиман. Сето она што ви е потребно за новогодишните декорации и новогодишна бајка во вашиот дом, може да го најдете и купите во „Аџико Хоум Центар“.

„Упатуваме огромен апел до сите граѓани на Штип, како и до останатите градови, да ги посетат нашите продажни салони, да споделат заедничко искуство со нас, да купат некои од нашите производи, бидејќи овие четири дена имаме организиран попуст од 20% на целиот новогодишен асортиман“, додаваат од Аџико Хоум Центар.

„Крисмас маркет“ веќе традиционално се организира во „Аџико Хоум Центар“, а во предновогодишниот период за посетителите се актуелни многу новитети и попусти.