Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Штип – Миладиновци кај Свети Николе. Настанот го потврдија и од СВР Штип, од каде велат дека несреќата се случила помеѓу две патнички моторни возила кои се движеле во ист правец. Според информации од таму, две лица се повредени и пренесени во Клиничка болница Штип. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.