Тешка сообраќајна незгода кај Крупиште

Тешка сообраќајна незгода се случи денес во близина на Крупиште во која учествувало возило на Здравствениот дом Кочани. На терен се екипи на МВР, противпожарните единици на Штип и Пробиштип и Итната медицинска помош. Во сообраќајната незгода има повеќе повредени лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.