Тетекс го промовираше Михајло Митров како ново засилување

Второлигашот Тетекс кој ќе има неизвесна пролет за опстанок во Втората македонска фудбаслка лига, денес го промовираше Михајло Митров како ново засилување.

Митров во Тетово доаѓа од редовите на прволигашот Скопје и ќе биде големо засилување во средниот ред.

27-годишникот е повратник во редовите на Тетекс и ќе се обиде со своето искуство да им помогне на „штофарите“, а во својата кариера има настапувано за Слога од Виница, Борец, Еуромилк ГЛ, Кожуф, Металург, а имаше настапи и за екипи од Романија.

Митров во есенската полусезона во дресот на Скопје запиша пет натпревари и помина 208 минути на фудбалските терени.