Тезги речиси и да немаше, купувачите се броеа на една рака, пазарот во Штип празен

Полупразен пазарот во Штип, продавачи речиси и да немаше, купувачите се броеа на рака. Производството зимскиот период е намалено велат оние кои произведуваат храна, најавеното лошо време причина плус поради која продавачите не ги поставиле своите тезги, а потрошеноста на граѓаните за празниците продонесе за побарувачката да се сведи на минимум.

„Не знам, сѐ зависи од луѓето, најверојатно дека немаат пари. Пазарот е празен, нема ниту пордавачи, ниту купувачи. Јас мислам дека луѓето немаат пари. Производство има, ама купувачи не. Многу празници имаше овој месец и затоа ова е очекувано. Најдолг месец и најскап. Денеска најмногу се купува зеленило, спанаќот се троши ептен.“ – велат продавачите.

За купувачите, оние малкумина кои денеска беа за пазарот во Штип цените се пристапни за нивните џебови. Велат за разлика од пред неколку пазари кога цените за празниците биле бисоки сега се забележува благо намалување. Ама празен пазар како денешниот не паметат.

„Добри се цените, за мене, секој според џебот гледа и така купува. Ама нема пазар, јас обично ова време доаѓам на пазар полно е, сега нема пазар.

Продавачите велат дека подобрување на ситуацијата може ќе има наредниот петок бидејќи дел од граѓаните ќе земат плата, а друг дел пензија. На тој начин ќе се зголеми и побарувачката и пордажбата на зеленчик и овошје на пазарот.

Лаура Стојанова М-Нет