Тежок удар за Брегалница, Давид Калпачки ги скина предните вкрстени лигаменти!

Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип го потврди лошото сценарио – еден од најстандардните и најкорисни фудбалери на тимот, Давид Калпачки, ќе биде надвор од терените подолг временски период.
Калпачки се повредил на еден од последните тренинзи, а лекарските прегледи покажале руптура, односно кинење на предните вкрстени лигаменти.
Станува збор за сериозен удар за штипските „сини“, особено ако се има предвид важноста на Калпачки во составот и неговата улога во играта на Брегалница.
Од клубот му упатија порака за поддршка и му посакаа што побрзо закрепнување.
„Калпа, со тебе сме!“, порачаа од Брегалница.
Сега за Давид Калпачки следува долг период на рехабилитација, а целиот тим и навивачите на Брегалница се надеваат дека Давид што поскоро ќе се врати на фудбалскиот терен.