Татко со остар предмет си го нападнал малолетниот син во Кочани

На 15.08.2023 во Полициската станица Кочани, А.М. (41) од Кочани пријавил дека во 16.00 часот, на ул. „Скопска“ во Кочани, Ј.В. од Кочани физички и со употреба на остар предмет го нападнал неговиот малолетен син. По комплетирање на случајот против Ј.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.