Таравари: Во Клиничка Болница Штип ништо не е променето од 2017 година

Доделениот апарат лапараскооп од страна на министерството за здравство за КБ Штип успешно е пуштен во употреба. Апаратот има уролошки сет, па затоа истиот ќе се употребува и за други испитувања. Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека по денешниот увид, докторите се задоволни од кориостењето на истиот и дека е посебно заинтересиран за болницата во иднина биде во соодветни услови за користење на граѓаните.

“Клиничка болница Штип е од посебно значење за министерството, па и за владата. Јас како министер втор пат доаѓам во Штип, а заменикот плус уште еднаш беше. Првата посета беше со премиерот и тогаш кажавме дека многу сме заинтересирани за две болници, посебно за КБ Штип и јас се надевам дека идната година ќе започнеме. Денеска со директорот зборевме за тоа што недостасува од кадар, доктори, апаратура, зградата за жал ја кажав дека воопшто не е сменета од 2017 година, кога без за прв пат министер.“, истакна Таравари

Доделувањето на апаратот од страна на министерството за КБ Штип е во износ од 200 000 евра и истиот ќе служи за потребите на граѓаните од истокот.

“Така да денеска конкретно имаме и нов апарат, кој што е доделен од министерството за здравство во вредност од 200 000 евра и тоа се средства на министерството за здравство. Се работи за ендоскоп и лапараскоп, така и цисто уретроскоп. До сега апаратот се користи и докторите се задоволни од користењето на апаратот.“, додаваа Таравари

Според министерот, КБ Штип воопшто не е сменета од 2017 година од кога тој за прв пат седна на фотелјата за министер, по што во иднина тоа ќе се промени и новитетите ќе придонесат поголеми можности за граѓаните во истокот. Во моментот болницата има недостаток за апаратура од магнетен резонанца, ренген и гастроскоп и во идина ќе се решава и за ваквиот проблем.

Лаура Стојанова, М-Нет