
Младиот штипски каратист Марко Џорлев овој викенд ќе земе учество на Меѓународниот турнир „Куп на шампиони“ во Подгорица, Црна Гора, каде ќе настапува како натпреварувач на карате клубот Штип, каде учество ќе земаат и други натпреварувачи од штипскиот клуб.
Џорлев на овој Меѓународен турнир во Црна Гора ќе настапи во две категории, во неговата официјална категорија во која стана Балкански шампион, како и во категорија кадети.
Џорлев три години во низа е државен првак на Македонија, а негово најголемо достигнување е Балкански шампион.
Александар Ванев, М-Нет