Тага во Ињево: Почина младиот Стојанче Костадинов – битката за живот не успеа

Голема тага го обви селото Ињево и пошироката околина по веста дека прерано почина нивниот млад сограѓанин Стојанче Костадинов, кој ја загуби најтешката битка – битката за својот живот.
Во изминатиот период, голем број хумани луѓе, компании и институции се обединија во обид да му помогнат, собирајќи донации за неговото лекување во приватна болница. За жал, и покрај огромната поддршка, надежта не успеа да стане реалност.
Неговото заминување остави неизмерна болка кај семејството, пријателите и сите што го познаваа. Социјалните мрежи се исполнети со пораки на сочувство и молитви.