
Сув студ, ветер и минусни утра до недела, нема снег до првата декада на јануари, метеоролозите најавуваат студена зима. Како што информираше дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска Мишкоска, за М-Нет телевизија, макасималните температури само во истокот ќе бидат до 6 степени, а утринските -8. Таа рече дека утринава во овој предел биле измерени дури – 14 степени.
,,И во текот на утрешниот денм, особено во источниот регион ќе имаме пониска утринска температура на секаде негативна во интервал од -8 до -2 степени, со тоа што преку денот ќе преовладува како и денес променливо облачно време и студено. Во попладневните часови денес и утре ќе има повремен локален дожд, а на планините се очекуваат врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец ,а денес максималната од 2 до 6 степени.“, рече Фиданоска-Мишкоска
Од понеделник се очекува дожд и мал пораст на температурите, кои нема многу да се задржат рече Фиданоска Мишкоска, посочувајќи дека од следнит викенд ќе има повторно ледени утра.
,,Значи веќе од недела нашето подрачје ќе подпадне под влијание на влажна воздушна маса, така што во следните денови и за време божикните празници ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, со тоа што од недела ќе имаме пораст кај температурата. Утринската ќе биде позитивна, за источниот во интервал од 3 до 8 степени. Првата декада од месец јануари не се очекува врнежи од снег, само врнежи од дожд. Врнежите од снег само во западните делови денес, за источниот регион повторно од следниот викенд ни следува сув студ, со повторно негативна температура.“, додава Фиданоска-Мишкоска
Инаку, на овие ниски температури и лекарите предупредуваат граѓаните да бидат внимателни, особено децата и повозрасните. Да пијат топли напитоци, добро да се облекуваат, да ја пијат својата месечна терапија и да избегнуваат излегување на ниски температури, со цел да не дојде до несакани последици, имајќи во предвид дека има доста лица со грип и горноресипратрони инфекции.
Иван Митев, М-Нет