Студеното време го празни пазарот во Штип – цените растат, побарувачката се намалува

Облачно и дождливо време, слаба побарувачка, само високи цени. Вака и продавачите и купувачите го оценија претпоследниот пазарен петок во месец март во Штип. Штипјани ги купуваа речиси стандардните основни производи, но дел го купуваа и тоа што не му е сезона, како краставици, домати, пипер и јагоди.

Продавачите, пак, со став дека дел од производите се со покачени цени, а дел и немаат толку висока цена. Сепак, незадоволни од пазарниот ден, не очекуваа зголемена побарувачка. Велат, некако се егзистира, но луѓето не купуваат кога цените се сѐ повисоки.

Цените растеа и претходниот петок, па тогаш и онака имаше мала побарувачка. Сега, како што велат продавачите, раздвиженоста и побарувачката бележат уште поголем пад. Во однос на производите, пак, нешто повеќе се купува, нешто едвај.

Ребека Спасова М-Нет