
Струга и официјално ја одбрани титулата во домашното првенство, откако ја освои по вторпат шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига на едно коло пред крајот.
Струга вчера со погодоците на Бесарт Ибраими и Марјан Радески со 0:2 славеше над Шкендија во Тетово и со тоа стана старо-нов шампион.
Дури три натпревари завршија без погодоци. Гостивар и Работнички ремизираа играјќи 0:0, Шкупи и Брера исто така одиграа без погодоци, како и финалистите во Купот екипите на Тиквеш и Воска Спорт.
Силекс и Вардар ремизираа во Кратово играјќи 1:1 со што Вардар ќе игра бараж за опстанок со Детонит Плачковица, а Брегалница загуби на гостувањето кај Македонија ЃП со 2:1 и се спушти на дното од табелата.
Останува уште да се одигра последното коло кое нема резултатско значење, со оглед на тоа дека Брегалница и Македонија ЃП се нови второлигаши, а Вардар ќе игра бараж, додека пак Струга е шампион.
Александар Ванев, М-Нет