Струга и Радовиш во битка за први бодови, дерби на Вардар и шампионот Еурофарм Пелистер

ФОТО: Александар Ванев

Петата рунда од Суперлигата ја носи големата дерби пресметка меѓу Вардар и шампионот Еурофарм Пелистер. Дерби на лидерот Вардар кој има четири од четири и шампионот од Битола кој има три победи и едно реми и со седум бодови е втор на табелата.

Триумф за Вардар ќе значи сериозна предност на табелата, а пак победа за Еурофарм Пелистер ќе значи дека шампионот ќе биде нов лидер.

Ова коло го носи и дербито од дното на табелата, дерби на Струга и Радовиш, на две екипи кои немаат се’ уште освоено бодови и кои ќе се борат за прв позитивен резултат. Императивот за триумф е голем и кај едни и кај другите, кои повеќе од јасно ги очекува тешка борба за директен опстанок.

Бутел ќе бара триумф против Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен, додека пак Пролет како фаворит ќе се соочи против Куманово на свој терен.

Алкалоид како апсолутен фаворит ќе игра против Прилеп во Автокоманда, додека пак во „Билјанини Извори“ се очекува уште една пресметка на Охрид и Тиквеш.

Натпреварите се играат утре, среда.

Александар Ванев, М-Нет