Струга испадна од Супер лигата, Младост од Богданци во ракометната елита

Синоќа се одигра баражот за влез во Супер лигата меѓу Струга и Младост, меч кој заврши со триумф за тимот од Богданци со резултат од 25:22 со што Младост се врати во ракометната елита на Македонија, а Струга се сели во Првата лига за следната сезона.

Меч во кој имаше пресврт и неизвесно особено прво полувреме. По израмнетиот резултат на 6:6 тимот на Младост влезе во серија за водство од 10:6, а потоа стружани се вратија и на полувреме имаа негатива од 10:11.

Во вториот дел се случи и пресврт Струга поведе на со еден разлика 13:12, а потоа екипата на Горан Андоновски успеа да направи голема разлика која одеше и до плус шест и се беше решено.

Најдобар стрелец кај Струга беше Филип Мечкароски со шест гола, кај Младост прво име беше Даниел Андоновски со шест погодоци.

Во новата сезона на Супер лигата ќе се натпреваруваат Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Бутел, Тиквеш, Прилеп, Еурофамр Пелистер 2, Пролет, Куманово, Мулти Есенс и Младост.

Александар Ванев, М-Нет