
Викендот на програмата се натпреварите од 8. коло од Втората македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за натпреварите од осмата рунда, а кои се играат в недела со почеток од 14:00 часот.
Осмото коло ни носи возбудливи, интересни и неизвесни натпревари со голема борба за целиот „плен“. Големото езерско дерби кое се игра на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Караорман ќе го суди искусниот Александар Грујоски од Кичево, додека пак дуелот во Струмица меѓу Беласица и Воска Спорт го доби Игор Стојчевски од Скопје.
- Целосното делегирање за натпреварите од 8. коло од Втора лига:
Пелистер – Слога, Ндерим Тефику (Куманово)
Беласица – Воска Спорт, Игор Стојчевски (Скопје)
Тетекс – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Вардар – Беса, Доне Ристовски (Гевгелија)
Кожуф Гевгелија – Каменица Саса, Боби Величков (Велес)
Арсими – Локомотива Пехчево, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Охрид – Караорман, Александар Грујоски (Кичево)
Детонит Плачковица – Борец, Миле Лазов (Неготино)