
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од седмото коло од Втората македонска фудбалска лига, кои се играат в недела од 14 часот.
Пларент Салихи ќе им суди на Детонит Плачковица и Вардар Неготино, Марјан Стојановски го доби дербито во Штип, каде ќе им суди на Брегалница и Кожуф, Сашко Ристов ќе патува во Велес каде ќе им суди на Борец и Скопје, а пак Ндерим Тефику ќе им суди на Македонија ЃП и Осогово.
Боби Величков ќе ја дели правдата на мечот меѓу Арсими и Вардарски, Христијан Божиновски ќе им суди на Беласица и Каменица Саса во Струмица, Доне Ристовски ќе биде главен во Охрид каде ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Охрид и Новаци на „Билјанини Извори“, а пак Благојче Ралевски ќе им суди на Башкими и Победа.
Дербито меѓу Брегалница и Кожуф во Штип ќе може да го следите во живо на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет