Стотина домаќинства од штипска Железничка ќе се приклучат на канализациона мрежа

Стотина домаќинства од населба Железничка во Штип ќе се приклучат на фекалната канализација. Денеска започнаа активностите на терен, со кои се предвидува жителите конечно да бидат приклучени на фекалната канализација. Проектот е вреден околу 30 милиони денари, а е по барање на жителите од оваа населба.

„Станува збор за потреба на месното население усште од градењето на насеблата. Неколку стотина домаќинстава не се опфатени со фекална канализација. Од годините наназад многу се ветувало, ама ете ние смогнавме сили обезбедивме средства за отпочнување на овој проект. Се вкупно за покривае на Горна и Долна Железничка со главната мрежа за изведба на фекална канализација вкупната инвестиција е нешто повеќе од 30 милиони денари. “ – вели Јорданов.

По повеќе децении живот со јами, миризба, конечно ќе добијат канализација, жителите се задоволни што конечно во 21 век ќе добијат соодвтени услови за живот.

По завршувањето на активностите за приклучување на фекална канализација ќе се асфалтираат сите улици и краци во штипска Железничка.

„По завршувањето на канализацијата сите улици и краци ќе бида асфалтирани. До крајот на оваа година ќе завршат акивностите во Горна Железничка, а на почетокот на 2024 година во Долна Железничка.“ – додаде Јорданов.

Јорданов истакна дека со вакви проекти на терен се подобруваат условите за живот и на овие жители во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет