
Идентична ковид ситуација во општините од Истокот. Според извештајот од штипската болница, во последните 24 часа новопримени се четири пациенти, испишани тројца. Со ова бројот на хоспиталзирани е 29 на Инфективното одделение, нема пациенти на дневна амбуланта, а повеќе од две недели без ковид пациенти е и Кожното одделение при Клиничка болница Штип. Од хоспитализираните 19 лица имаат потреба од кислородна поддршка односно се приклучени на апарти за дишење. Вакцинирани се осум пациенти. Во изминатото деноноќие нема регистрирано починати лица, моментално слободни се 29 кревети на Инфективното одделение и 10 на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница промени во извештајот нема споредбено со вчера. На болничко лекување се само тројца ковид пациенти, нема починати лица, а слободни се 241 кревети на Интерното одделение, информираат од болницата.
Во Општините од Истокот моментално активни се 374 ковид случаи. Во Штип бројката е повторно троцифрена односно активни се 102 ковид пациенти, во Кочани 93 и во Делчево 78. Двоцифрена, но помала е бројката во останатите општини од Истокот, освен Пехчево каде активни се само шест ковид случаи.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.
Лаура Стојанова М-Нет