Спортски викенд на М Нет со четири преноси во живо од Втора и Трета фудбалска лига

Овој викенд гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да проследат четири натпревари во живо преку директни преноси.

Утре на програмата гледачите ќе проследат два натпревари од Втората македонска фудбалска лига. На телевизија М Нет со почеток од 13 часот ќе може да го проследите соочувањето меѓу Осогово и Кожуф, додека пак на М Нет Спорт, исто така во 13 часот, ќе можете да го проследите соочувањето меѓу Башкими и Вардар Неготино.

Во недела на програмата на телевизија М Нет ќе бидат преноси од третолигашки дерби натпревари. Во 10 часот наутро ќе имате можност на спортскиот канал М Нет Спорт да го проследите дербито во Трета лига – Север меѓу Кадино и Шкендија Арачиново, а пак во 13 часот на телевизија М Нет ќе го проследите дербито од Трета лига – Југ меѓу некогашниот прволигаш Борец и лидерот Големо Коњари.

Спортската понуда со преноси во живо на телевизија М Нет се зголемува, па така овој викенд гледачите ќе уживаат во четири преноси, два од Втора лига и два преноси од Трета лига.