
На вчерашната јавна трибина „Штип сака кошарка“ која се одржа во Дом на млади, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов при своето обраќање истакна дека Спортскиот центар Џексон во моментот претрпува одредени измени во рамки на проектот, односно овој спортски центар кој ќе има капацитет од 1.000 посетители за истиот проектот предвинува подлога по ФИБА стандарди.
„Започнав со изградба и на еден спортски храм, кој што верувам дека ќе овозможи пред се натпреварувања од најсилните лиги вклучувајќи ја и кошарката. Станува збор за спортскиот центар Џексон, кој што во овој момент претрпува одредени измени во рамки на проектот има капацитетност од 1.000 посетители, поврзано со кошарката морам да напоменам самиот проект предвидува подлога по ФИБА стандарди, за да може да се одржат, да се одиграт и не само натпревари во најсилната македонска кошаркарска лига туку и натпревари од интернационален карактер. Затоа што ќе ги има сите потребни услови и предуслови за играње на еден таков натпревар“, вели Јорданов.
Екипата на Соколи е моментален лидер на табелата во Втората лига и на добар пат кон влез во Првата лига, а со Спортскиот центар Џексон, кошаркарскиот клуб Соколи и воопшто спортот во Штип ќе добие нов современ и модерен дом.
Александар Ванев, М-Нет