Со 800 000 денари Општина Карбинци продолжува со актвинсотите за изградба на тротоарски површини и кај село Таринци

Со 800 000 денари, Општина Карбинци продолжува со актвинсотите за изградба на тротоарски површини и покрај патниот правец кај село Таринци. Оваа тротоарска површина е со цел поголема безбедност на жителите, со што тие ќе можат слободно да пешачат и да рекреираат. Градоначалникот Викотор Паунов, истакна дека со проектот општината покрај што добива подобри услови за пешаците, таа сега добива и поголема безбедност и за возачите.

,,Во изминативе денови започнаа и денес продолжуваат активностите за изградба на тротоарските површини покрај овој регионален пат. Она што се работи и го најавивме тековно е покрај селото Карбинци веќе се интезивираат работите на оваа тротоарска површина, оваа пешачка патека, а еве веќе и кај селото Таринци, пкрај ова населено место се работи на изградба на овој потег. Оваа тротоарска површина е со цел да добиеме една функционална целина, поврзување со локалниот патен правец Таринци-Долни Балван. Кога се во прашање пешаците, нивната безбедност, но и нивната желба за рекреација, која што во изминатиот период се навистина зголеми на овој потег. Со овој проект добиваме навистина подобрени услови и можност за рекреирање, за пешачење, извршување на секојдневните потреби на оние кои што пешачат и нормално зголемена безбедност на минувачите, но и на возачите.”, вели Паунов

Проектот се очекува да биде завршен во текот на следните денови, рече Паунов, додавајќи дека претходно на овој потег беше поставено и осветлување во служба на граѓаните

Со ваквиот проект, жителите од ова место од една страна ќе имаат можност безбедно да пешачат, а од друга страна безбедно да возат, имајќи во предвид дека сега пешаците ќе се движат по новите тротоарски површини.

Иван Митев, М-Нет