Со сино – жолти ленти и низа активности ОУ „Гоце Делчев“ го одбележа денот на лицата со Даунов синдром

Со низа активности Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Претходната недела започнаа подготовките со учениците од шесто до девето одделение, а денеска учениците беа дел од презентација преку која се запознаа со заблудите и вистините за лицата со Даунов синдром.

„Светскиот ден на Дауновиот синдром 21 март нашето училиште го одбележува со повеќе активности во организација на училишниот инклузивен тим. На одделенскиот час на 13.03.2023 учениците од шесто до девето одделение во насока на будење на свеста за прифаќање на децата со даунов сидром, слоганот е „Различни сме на изглед исти во душа““ – вели Панова.

Се изработија сино жолти ленти – симбол на Даунов синдром, беџови, а децата ја посетија и општината и ги поделија на вработените, но и на случајните минувачи.

Целта на денешниот настан е да се разбуди свеста кај граѓаните почнувајќи од децата за да се даде еднакво место на лицата со Даунов синдром во општеството.

„Целта на нашата акција е да ја разбудиме и подигнеме свеста за давање поддршка на лицата со Даунов синдром, да и пружиме подобрување на секојдневието на овие прекрасни лица, да им дадеме поддршка во нивната интеграција, да имаат еднакво место во градинките, училиштата и работните места бидејќи тие тоа го заслужуваат“ – додава Панајотова.

Дауновиот синдром не преставува болест, туку хромозомско генетско нарушување. Карактеристично за овие лица пред сѐ е физичкиот изглед, но и тие се лица кои можат и треба да се вклопат во секојденвието.

„21 март симболично е избран за светски ден бидејќи кај овие лица постои трисомија на 21 хромозом, односно ова е хромозомско генетско нарушување каде постои екстра генетаки материјал. Тоа значи дека овие лица наместо 46 хромозоми имаат 47. Што е карактеристично за овие лица?
– Нивниот физички изглед, тие може да бидат успешно инклузирани во општеството.“ – вели Ташкова.

Ташкова додава дека треба уште многу да се работи на подигање на свеста кај граѓаните за прифакање на лицата со Даунов синдром во општеството. Овој ден се одбележува на 21 мерт почнувајќи од 2006 година.

Лаура Стојанова М-Нет