
Со принесување жртва на сиромасите, посета кај постарите и барање прочка граѓаните од исламска вероиспод го слават празникот Курбан Бајрам. Според нив ова е еден од најголемите празници, на кој не се прави поделба на луѓето, ден на кој се простува и се принесува жртва.
„Курбан Бајрам е голем празник за нас муслиманите, се радуваме, со кој сме скарани ќе се смириме. На овој ден се дели курбан, делиме на лушето на сите даваме сиромаси, богати на сите се дава. Славиме три до седум дена“
Во текот на годината се собираат пари, злато за на овој ден да може да им се даде на сите кои немаат.
„Ние што работиме треба цела година да мислиме за овој ден, се чуваат пари за овој ден да имаме. Овој ден за нас е многу важен, сите помагаат. Оние кои се во Западот, во Европа тие праќаат пари овде во Македонија ние да ги поделиме“

Годинава цената на јагнешкото месо е доста покачена велат граѓаните, но за денешниот празник мора да се има без разлика на цената.
„Оваа година многу скапо, од 95 евра значи 120 евра понсиско не може никако да се земе. Оваа година многу е скапо, ама ние кај нас еве благодарениие на тие што работат во странство праќаат ние земаме овде, а плус и ние даваме не само тие“
Курбан бајрам секогаш се паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскит календар датумот е различен од година во година. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Лаура Стојанова М-Нет