Со пригодна манифестација, маски и музика одбележан денот на шегата во Кочани

Денот на шегата – кај децата најубавиот ден во годината. Тие на дој ден се претсавуваат во најдобро светло, односно се маскираат во омилените ликови од нивните цртани. На тој ден сите дечиња се среќни и весели и се претставуваат со интересни песни. Во Кочани тој настан се реализираше во Гратскиот парк на летната сцена.

„Маските зад кои се криете, јунаците кои ги презентирате ја кажуваат вашата имагинација и подршката од вашоте родители и од наставниците. Во исто време ја искажува радоста и среќата кој ја носите. Затоа денешниот ден нека биде можност да ја ширите радоста и среќата кај сите повозрасни ваши пријатели и блиски. Сакам да ви ветам дека Општина Кочани ќе дава континуирна подршка во вашите идеи во ваквите настани. Но ве повикувам да бидете со вашата енергија, да бидете добри деца, успешни ученици, а понатаму и успешни граѓани на Општина Кочани. Еадувајте се на денешниот ден и уживајте во настанот. “ – изјави Папазов.

Градоначалникот Папазов е дециден е дека општината постојано ќе дава подршка во идеите и настаните на децата. Затоа што децата се мотивот на едно општество, и постојано треба да бидат исполнети и успешни ученици воедно и успешни граѓани на општината.

Лаура Стојанова М-Нет