Со пригодна манифестација градинките во Штип ја одбележаа неделата на детето

Со пригодна свечена манифестација дечињата од детските градинки во Штип ја одбележуваат неделата на детето. Со активности на отворено, игра и песна покажаа дека е убаво да се биде згрижен во градинка. По истиот повод и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги посети двете детски градинки во Штип, градинката Вера Циривири Трена и Астибо и им додели вредносни ваучери од по 10 илјади денари. Истовремено, се запозна со згрижувачкиот процес и условите во градинките на територијата на Штип.

„По повод неделата на детето имавме посета во детските градинки во Штип, со цел да се запознаеме со згрижувачкиот процес којшто се во градинките на територија на Општина Штип во условите во кои се згрижуваат дечињата и нормално нашата тенденција е да ги подобриме и модернизираме согласно нашите можности кои ќе ги имаме во наредниот период“ – кажа Јорданов.

Неделата на детето се одбележува sекоја година првата недела од месец октомври.

Лаура Стојанова М-Нет