Со порака за мир над 150 дечиња од ООУ „Гоце Делчев“ Штип пееја во еден глас

Музика, ора и драма, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во соработка со учениците од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип приредија настан за паметење. Со цел одбележување на Денот на детето ја наполнија салата во штипскиот центар за култура, каде се преставија со свои точки со кои го задржаа вниманието на публиката. Целата на настанот е да се продлабочи соработката меѓу двете училишта, но и да се покаже дека и покрај различностите сите деца се исти.

„ООУ Гоце Делчев во соработка со ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип организира Мултикултурен настан по повод Денот на детето. Нашите ученици преку песна, ора и драматизација ќе се обидат да покажат дека и покрај тоа што сме различни сепак сите сме исти. Главната порака е дека преку соработка, преку градење на мостови можеме да ги надминеме сите различности кои постојат меѓу нас“ – вели Митев.

Еден месец подготовки, дружба меѓуи наставниците и учениците за крај исход како настанот вчеравечер. Соработката е на завидно ниво вели Габриела Ќосева која посочува дека музиката треба да се негува од мали нозе и на тој начин децата да ја сакаат.

„Соработката е прекрасна, уживав во работата почнувајќи од најмалите, тука имаме деца од пет години до 15, прекрасна е соработката и меѓу двете училишта, работевме тимски. Љубовта према музиката треба да се гае од мали нозе, се надевам дека допревме до детските срца, а тоа се покажува бидејќи секое едно мало дете велеше „Може ли и јас да дојдам“. И тоа е големо задоволство и се надеваме дека ќе продолжат понатаму да ја негуваат музиката“ – вели Ќосева.

Денот на детето се одбележува на 20 ноеември кога впрочем е усвоена конвенцијата за правата на детето и по повод тој настан е организиран мултикултурниот настан во штипскиот Дом за култура.

Лаура Стојанова М-Нет