Со положување цвеќе во Штип одбележана 36 годишнината од смртта на Михајло Апостолски

Со положување свежо цвеќе во Алеата на хероите во Штип, преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели одбележаа 36 години од смртта на Михајло Апостолски. Настанот беше збогатен со пригоден говор и рецитал.

„На 7 август пред 36 години престана да чука срцето на Михајло Апостолски. Роден е на 8 ноември 1906 година во Ново Село Штип. Основно и средно образование завршил во Штип,а потоа продолжува во восоката Академија. Во 1924 година се запишува на Академијата во Белград и по три години успешно ја завршува.“ – вели Мицевски.

Во говорот присутните имаа можност да слушанат за животот и достигнувањта на Михајло Апостолски во неговиот живот.

„Во својата научна дејност бил наградуван и вреднуван. Ја добил наградата 13 ноември за град Скопје, 4 јули, 11 октомври, 22 декември а во 1978 година ја добил наградата Авној највисока во СФРЈ.“ – додава Мицевски.

Годишнината од смртта на Апостолски секоја година на пригоден начин се одбележува во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет