Работата да не биде пречка за доењето – работодавачите да бидат совесни, мајките да си ги бараат правата

Работата да не биде пречка за доењето, да може и вработената мајка кога ќе се варти на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе овогодинешната кампања по повод неделата на доењето. Мајката има право на платени паузи за доење па потребно е истите да се користат со цел мајката да не прекин предвремно да го дои своето бебе.

„Оваа година тоа е вработената мајка и вработените родители и доењето. Не треба да биде пречка работата за доењето. Не треба мајките да изберат работа, а да не доат. Тоа се постигнува со основните мајчински права, платеното породилно отсуство, ама и кога ќе се вратат на работа треба работното место да биде прилагодено, да има пријателско опкружување, да има паузи за доење или измолзување на млеко и посебни објекти соби кадешто тоа ќе се спроведе“ – вели Златковска.

Во Македонија Законодавството предвидува платено породилно отсуство, предвидени се паузи за време на работа за да може да се дои детето, ама проблемот е кај тоа што ретко овие права се искористени, вели Залтковска. Апелира до работодавачите да го спроведуваат законско предвиденото, а мајките да си ги бараат своите права.

„Имаме породилно отсуство добро за разлика од други земји каде тоа е многу полошо и имаме платени паузи во Законодавството меѓутоа не се почитува доволно. Вниманието треба да биде свтртено кон тоа да овие паузи да бидат спроведувани и мајките да си ги бараат тие права.“ – додава Златковска.

Според податоците половина милијадра мајка на свестско ниво се лишени од можноста да ги уживаат своите мајчински права кои ги заслужуваат.

Лаура Стојанова М-Нет