
Фудбалскиот клуб „ Брегалница “успешно ги заврши зимските подготовки во Анталија. ФК Брегалница одигра четири пријателски натпревари од кои имаа три победи против екипите на Тобол , Металист 1925 и Кубан и една нерешена против екипата на Зира. Новото засилување на Брегалница Урош Дамјанович кој што пристигна на зимскиот трансфер рок од екипата на Рад Србија одлично ги покажа своите квалитети со постигнати два гола против екипата на Тобол од Казахстан. Пред стартот на вториот дел од сезоната ФК Брегалница ќе одигра уште еден пријателски натпревар, но овој пат на домашен терен на 06/02 против екипата на Септември Симитли, од Бугарија. М Нет телевизија ќе бара од раководството на ФК Брегалница директен пренос од овој натпревар, поради високиот интерес на спортската јавност. ФК Брегалница ќе го одигра првиот натпревар во вториот дел од сезоната со екипата на Ренова на 13.02, со почеток од 14 часот на Градски во Штип.