Со пет возила и 13 пожарникари локализиран пожарот во Кочани

Пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден на сопствен имот во централното градско подрачје во Кочани ставен под контрола. Имено, пожарот беше изгаснат уште во текот на вчерашниот ден, но за сигурност екипа на Противпожарната територијална единица Кочани, правеше контрола на два пати на местото на настанот и во текот на ноќта. Утринава во телефонски разговор за М-Нет телевизија, командирот на Територијалната противпожарна единица Кочани, Благој Паунов истакна дека моментално е целосно во контрола, и дека има настанато само материјална штета, без повредени лица, цивили и пожарникари.

„Во втората интервенција учествувавме со шест возила и 13 пожарникари. Поради местоположбата на објектот и еднонасочноста на улиците и густината на градби моравме да интервенираме со повеќе возила, имаме доволна количина на вода за да не губиме време.“ – истакна командирот на ТППЕ Кочани, Благој Паунов.

Во текот на вчерашниот ден ова не е единствениот пожар на кој интервенирале од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани. Другиот пожар исто на индивидуален објект бил во с. Теранци, Општина Чешиново- Облешево.

Лаура Стојанова М-Нет