Со оптимални услови за настава, училиштата во Штип го започнаа второто полугодие 2024/2025

Со оптимални услои за одвивање на наставата основни и средни училишта во Штип го започнаа второто полугодие 2024-2025. Раководителот на секторот за образование при Општина Штип Снежана Санева, вели дека училиштата се добро подготвени, а тоа значи дека истите имаат доволна количина на извори на енергија со кои уште денеска училниците се затоплени. Што се однесува до бројот на ученици од Општина Штип е некаде околу 5490 ученика, додава таа.

“Денес е првиот училишен ден од второто полугодие од учебната 2024-2025 година. И основните и средните училишта се одлично подготвени и имаат обезбедено оптимални услови за одвивање на наставата во училиштата. Тоа значи дека е обезбедено доволни количини на мазот за греење и училниците се затоплени. Што се однесува до бројот на ученици кои што ја посетуваат наставата е некаде околу 5490 ученика на ниво на оштината.“, вели Санева

На почетокот од второто полугодие вообичаена e бројка и бројката на ученици со груп, но истата не отскокнува од границата на нормалата, додава Санева.

Во согласност со ситуацијата, сите училишта од денеска го започнаа второто полугодие од новата 2025 година, а согласно грејната сезона до 15 април учениците ќе имаат топли и безбедни училници.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет