
Поставување на светилки и украси, веќе поставена е и елката на плоштадот „Слобода“ во Штип, градот се подготвува предновогодишно да светне. Во изминатите неколку денови се работи на терен со цел централното градско подрачје во Штип да добие поинаков изглед за празниците, а пред Свети Никола преновогодишно градот ќе светне.
„Веќе неколку денови се врши поставување на светилките, на украсите во централното градско подрачје. Традиција е од Свети Никола до Стара Нова Година да биде украсен штип. Планот е ден пред Свети Никола да светне во предновогодишен сјај.“ – вели Јорданов.
Со нови светилки и украси кои општината ја чинат половина милион денари се украсува центарот во Штип. Идентично како и претходната година пред празникот Свети Никола најмалите децата ќе ја украсуваат елката на Плоштадот.
„Нови се светилките во центарот на градот, мал дел кои останаа од лани ќе бидат искористени, но во центарот ќе бидат поставени нови светилки и украси. 500 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Штип“ – додава Јорданов.
И ова година Јорданов апелираше до граѓаните да бидат совесни и да го чуваат она што е поставено, со цел подолго и подобро Штип да ги дочека престојните празници.
„Како и колку ќе биде украсен центарот на Штип зависи од совеста на нашите сограѓани. Затоа апелирам до нашите сограѓани да бидат одговорни совесни и да ги чуваат светилките и украсите поставени во центарот“ – додава Јорданов.
Пред празниците планирани се низа настани за сите генерации во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет