
Негување на старата инструментална музика, македонскиот фолклор и продолжување на традицијата оставаена од браќата Стојанови, младите од Фолклорниот ансамбал „Осоговски извор“ Оризари со концерт ја негуваат традицијата и обичаите. По повод празникот на селото Оризари, кочанско се реализираше концерт по подолго време на кој настапија помладите но и повозрасни членови. Се преставија народни ора и песни, традиции и обичаи.
„Овој концерт го правиме првпат, името е Во очи на Свети Атансиј Велики, по повод празникот на селото Оризари. Сакаме да ја зачуваме најпрвин традицијата од нашиот крај. Се преставивме со стари обичаи, игри и ора и нашата цел е да ги поттикнеме и младите да го продолжат оноа изворното фолклорно негување кое треба да се зачува.“ – вели Стојов.
Радува фактот дека се повеќе млади дечиња до десет годишна возраст јавуваат интерес да научат да свират на изворни инструменти. Претседателот Стојов посочува дека челнови има од сите возрасни групи, со што се продолжува една традиција.
„Моментално мали деца од 4 години се најмалите па до 20 години тоа е мала и средна група, имаме некаде околу 30 члена само тие, имаме ветерани и млади пенизонери, а има уште кои се зачленуваат. Важно е да се каже дека најмногу заинтересирани има од малите деца кои сакаат да изучуваат изворно. Имаме десет мали дечиња кои учат да свират на изворни инструменти.“ – вели Стојов.
ФА „Осоговски извор“ од кочанско Оризари постои од далечната 1972 година, формиран од браќата Стојанови. Одреден период не функционираше, а денеска младите се обидуваат да ја вратат традицијата и обичаите од минатото.
Лаура Стојанова М-Нет