
Со едноминутен молк за починатите од трагедијата во Кочани денеска започна одбележувањето на полнолетството на УГД Штип. Со скормна, но достоинствена манифестација на која се доделија плакети, пофалници и благодарници на студенти, вработени и соработници на Универзитетот, како и доделување дипломи на доктори на науки, се одбележаа 18 години од постоењето на штипскиот универзитет.
„Денес сме овде собрани на скромен, но достоинствен начин да ја одбележиме 18 годишнината на УГД Штип. Ова требаше да биде поголема прослава во која го славиме нашето полнолетство, но во светло на трагдеијата која силно ја погоди и нашата заедница и целиот регион сепак ја правиме оваа свеченост за да им дадеме почит на нашите колеги кои се вложиле во формирањето на овој универзитет“ – вели Мираковски.
На настанот се доделија плакети на најдобрите 16 студенти кои дипломирале минатата 2024 година, како и на пет доктори на науки.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет