
Со лубеница од фрижидер, многу течности и клима уреди, се освежуваат граѓаните на новите екстремно високи температури. Прозорите се отвораат само во раните утрински часови, кога температурите се пониски, а од домот се излегува само по потреба. Доколку треба да се излезе, најчесто со себе носат шише вода, капа, наочари и лесна облека.
Граѓаните максимално се придржуваат до препораките од лекарите. Не излегуваат во жештините, а дома се хидрираат најмногу што можат.
Инаку, во лседните неколку дена температурата се очекува да достигне 42 степени, а препораките на лекарите остануваат исти, граѓаните да внесуваат доволно течности, да јадат лесна храна, како и да носат светла и лесна облека.
Иван Митев, М-Нет