Со кого им е најслатко кафето на штипјани? – нивниот омилен ритуал

Пиењето кафе за граѓаните не е само внесување кофеин, туку е социјален чин на дружење, кој може да трае со часови. Тоа е време за размена на новости, за секојдневните настани, за шеги, за споделување на тежината на животот и спомените од младоста. .Пиењето кафе е мерак, нешто што се прави од ќеиф, додека тече муабетот, се внесуваат и голтките кафе од омилениот филџан.

За штипјани најслаткото кафе е она испиено со добро друштво и добар муабет. За некого тоа е брачниот партнер, за друг пријателите и пријателките кои секогаш имаат што да кажат, а посебно место во животот при пиење кафе заземаат и комшиките, кои ги пополнуваат деновите. Некои пак, се одлучуваат овој ритуал да го остварат сами, пиејќи кафе во тишина.

Кафето се пие полека, голтка по голтка, но спомените и муабетте што се создаваат покрај него остануваат уште долго. Можеби вкусот на кафето ќе се заборави, но чувствата од тогашната средба никогаш.

Ева Тушевска, М-Нет