Со интересен перформанс и презентација на Зборник претставено културното наследство во Штип

Презентиран Зборникот на досега сработеното на НУ Завод и Музеј Штип во последните десетина години. Како што истакна директорот Штерјов, повеќето од реализираните проекти се дел од ваквиот Зборник со цел истиот да биде еден интересен текст за идните студенти. Преку истиот да можат поблиску да ги осознаат резултатите, а и да биде стимул за понатамошни проекти.

„Зборникот ги содржи сите содржини што се работеа во врска со завод и музеј Штип. Заштитните истражувања на патот Штип – Кочани, заштитни истражувања на патот Штип – Радовиш и ред други проекти кои што беа поврзани со Министерството за култура, значи со сите тие успеавме да направиме една добра книга“ – истакна Митко Штерјов.

Во склоп на ваквото претставување, присутните можеа да ги видат и резултатите од друг проект, кој Националната установа го спровела со штипската Ликовна академија и Технолошко – техничкиот факултет. Со цел ликовната уметност да се претстави од друг агол беше организиран еден интересен перформанс мотивиран од подолга истражувачка работа.

Ваков Зборник од претходните активности се печати по 18 години, а како најава за идни проекти директорот додаде дека во план се уредување на локалитетот „Баргала“ и реконструкција на „Саат кулата“ во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет