
Овој петок во Штип ќе се одржи Државно првенство во борење за основни училишта во организација на Сојузот на училишен спорт. Овој спортски настан ќе се одржи во спортската сала на ООУ „Тошо Арсов“.
Учество ќе земаат од 100 до 150 натпреварувачи во машка и женска конкурнеција.
„Сојузот на училишен спорт организира Државно првенство за основни училишта во борење кое ќе се одржи во петок на 14. март во салата на ООУ „Тошо Арсов“. Во оваа манифестација во борење Државно првенство се очекува да има од 100 до 150 натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во машка и женска конкуренција“, вели Арсов.
Оваа ќе биде голема спортска манифестација бидејќи ќе учествуваат сите основни училишта од Македонија.
„Ова е Државно првенство каде ќе учествуваат сите училишта од Република Македонија. Се очекува да учествуваат голем дел училишта со 100 до 150 натпреварувачи во машка и женска конкуренција“, додава Арсов.
Овој спортски настан ќе биде доста масовен и ќе биде вистински спортски празник во Штип.
„Настапот ќе се одвива со почеток од 10 часот, каде што ќе се одвива во салата на ООУ „Тошо Арсов“ и сите љубители на борењето, сите љубители на спортот ги покануваме да ги погледнат овие мали дечиња кои се натпреваруваат во основните познавање на борењето“, изјави Арсов за М Нет телевизија.
Овој голем спортски настан во организација на Сојузот на училишен спорт ќе започне во 10 часот, а ќе се одвива во салата при ООУ „Тошо Арсов“ во Штип.
Александар Ванев, М-Нет